КАТИЦА Е ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ ИЛИ ЗА ЗАКОНОТ: Од ГРОМ прашуваат на чија страна е Катица, со криминалците или со законот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што самите гледате, извештајот на госпоѓата специјална обвинителка се претвора во бестселер и непресушна инспирација – вели Љупчо Пренџов организационен секретар на ГРОМ, на денешната прес конференција на партијата

prednzo

Посебно, оној дел каде што таа, веќе отворено и транспарентно ги повикува сите криминогени или потенцијално криминални структури во државата да соработуваат со неа. Па вели:
„Во текот на извештајниот период ги повикавме сите субјекти кои поседуваат незаконски прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица, истите да ги достават во најкраток можен рок до СЈО!“

Госпоѓо специјална:
Определете се на која страна сте – на законот или на криминалот – велат од ГРОМ.

Знаете добро дека поседувањето на незаконски прибавени прислушкувани разговори е кривично дело само по себе! Дали сте свесна дека со ова не само што повикувате на криминогена соработка туку уште повеќе го стимулирате „производството“ на вакви незаконски стекнати материјали – вели Пренџов.

Во што се претворате? Во инквизиција поврзана со лумпен пролетеријат?

Почитувани, кога на ова ќе се надодаде и барањето за измена на законот за заштита на сведоци, таа всушност бара начин, да може полесно да ги озакони: заканувањето, уцените и потплатувањето на сведоци, затоа што очигледно, ништо крупно и ништо спектакуларно не најде кај претставниците на власта. – додаваат од ГРОМ.

Госпоѓо специјална, и вчера ве прашавме и повторно ве прашуваме: кажете ни има ли нешто од наводните 5.5 милијарди незаконски испрани и изнесени евра надвор од РМ. Кажете ни нешто за 16 милиони „кинески пари“? И конечно граѓаните на РМ ги интересира кој прислушувал, кој го нарачал прислушувањето и кој платил за истото? – прашуваат од партијата.

И во самиот извештај велите дека ви се обесхрабрувале обвинителите, а тоа е зашто беспотребно трошите 4 милиони евра, па сега спас барате во наместени сведоци бидејќи ви се „уарни“ комодитетот, платата од 3.000 евра, па барате од меѓународната заедница неограничен рок за специјално обвинителство. – заклучува организациониот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This