КЕТИ ПЕРИ ЌЕ СТАНЕ АМБАСАДОР НА ДОБРОТВОРНА ОРГАНИЗАЦИЈА: Принцот Чарлс ја назначи на британско-азиска добротворна организација за да помогне во борбата против трговијата со деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот принц Чарлс следниот вторник ќе објави дека американската поп-пејачка Кети Пери ќе стане амбасадор на добротворната организација British Asian Trust за да помогне во борбата против трговијата со деца, соопшти организацијата.

Пери (35), која веќе е амбасадор на добра волја за УНИЦЕФ, Фонд за деца при Обединетите Нации, се сретна со британскиот престолонаследник на состанокот на приврзаниците и советниците на БАФ во Мумбаи минатиот ноември, додека беше во посета на Индија.

„Бев импресионирана од нивниот силен план – од теренски иницијативи до прибирање финансиски средства – кој ќе има за цел да ја намали трговијата со деца на половина“, рече Пери.

„За мене е посебна чест што сум прогласена за амбасадор на Фондот за заштита на децата при британско-азиската добротворна организација. Сакам да помогнам во активностите што оваа организација ќе ги прави во Јужна Азија, и да бидам дел од изнаоѓање решенија за трговијата со деца.“

Добротворната организација, основана од принцот Чарлс и британски азиски бизнис лидери во 2007 година за борба протов сиромаштија, нееднаквост и неправда во Јужна Азија, тврди дека според податоците со кои располага, 5.8 милиони деца во Индија работат под принуда, а многу од нив се подложени на присилна работа по 15 часа на ден.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This