КИРАЦОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Кирацовски се огласи на Фејсбук по вчерашните одлуки на Централниот Одбор на СДСМ. Кирацовски е сменет од функцијата генерален секретар на партијата и на негово место е именуван Љупчо Николовски.

На пресек од двегодишната власт успеавме да направиме многу и за државата и за партијата, но се разбира има уште многу пат за одење. Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени. Таква е мојата, нашата СДСМ!, вели Кирацовски.

Тој вели дека тие, како поединци, не се воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството.

Нашите функции и кариери, се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на повисоките, заеднички цели. Пораката од граѓаните беше веднаш прифатена уште при нејзина испорака и беше сосема доволна, целото раководство да ја понуди својата оставка, за да, согласно досегашното искуство, нештата ги промениме на подобро. И Партијата и државата, преку прераспоредување, воведувајќи нови концепти на работа, вели Кирацовски.

Тој му е благодарен на Заев за укажаната доверба која според него, сите заедно ја оправдавле.

Во специфични услови, на огромни, наталожени очекувања, успеавме да испорачаме сериозни општествени и партиски резултати крунисани со победа на претседателските избори. Им благодарам на сите соработници, со кои соработката продолжува, за преданоста и доследноста, им благодарам и честитам за придонесот на досегашните потпретседатели на СДСМ, членовите на ИО и Организациониот секретар, на заменик-претседателката Шеќеринска за другарството и поддршката. И благодарам на сопругата и семејството за големата, огромна поддршка и поднесувањето на тешките, неправедни моменти кои доаѓаат од функцијата, која често пати знае да биде неблагодарна, смета Кирацовски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This