КРЖАЛОСКИ: СДСМ ги излажа младите – ветија многу, не реализираа ништо, од понеделник ќе остават илјадници ученици без книги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прес-конферанција на Лука Кржалоски- претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ги разочара младите.

Повеќе од една година како СДСМ е на власт, а разочарувањата ги надминуваат дури и ветувањата. Образованието е сегмент кој најмногу настрада од неодговорната политика. Иако бевме сведоци на многу најави за инвестиции, реформи и подобри услови, нема ништо од нивна реализација.

Од понеделник стартува учебната година, а илјадници основци и средношколци ќе ја почнат годината без учебници. Како што известија медиумите учебници ќе нема за поголем број на предмети низ целата држава. Ова е резултат на неодговорноста на власта. СДСМ имаше доволно време да обезбеди учебници, но не го направи тоа. СДСМ не направија ништо, дури ни она што го ветуваа како приоритети.

Едно од најголемите ветувања на СДСМ беше дека ќе започне со изградба на нови средни училишта во Тетово, Аеродром, Арачиново и Ново Село и тоа уште во првите 6 месеци откако ќе дојдат на власт. Денес, после повеќе од една година, нема ништо од најавеното. Проектите не се ни на повидок.

СДСМ вети дека ќе го реализира предлогот кој дојде токму од УМС во предизбoрната кампања –  „Математичка гимназија“. Сепак, во општина Аеродром локацијата се уште е празна ливада. Проектот воопшто не е ни почнат.

СДСМ вети и дека ќе изврши намалување на бројот на ученици во основното и средното образование во паралелки од 25 ученици. Но единствено на што работи е  забрзување на трендот на иселување наместо реогранизација на наставата.

Најголемите ветувања на СДСМ беа насочени кон студентите. Ветуваа изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата и подобар студентски стандард,  погодности за студентите и младите невработени. После повеќе од 14 месеци власт, овие проекти останаа на хартија а студентите се измамени.

СДСМ лажеше и манипулираше.  За повеќе од една година покажаа дека немаат намера да  направат нешто за младите.

Почитувани,

Образованието на една земја е нејзината иднина и затоа мора постојано да се вложува за младите да учат во услови кои им доликуваат. СДСМ  ниту има капацитет, ниту знае што да направи.

Затоа и мора да си замине.

ВМРО – ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија.

Нас младите ни се во фокусот, а решенијата реални и остварливи!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This