ЛАЖЕТЕ ГИ ЛУЃЕТО, ПА ПОСЛЕ ЌЕ ВИДИМЕ ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ: Функционер на СДС ги координира младите како да лажат народ – нема поевтина струја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помпезно најавената, а сепак бескорисна мерка за евтина тарифа од 14 до 16 часот, која нема да ја добијат сите граѓани како што информираше ЕВН, се претвори во евтина лага која граѓаните ја увидоа само два дена откако беше најавена

Она што ги загрижува од СДС е како тоа ќе влијае врз нивниот рејтинг во пресрет на локалните избори, па функционерите на СДС активно испраќаат циркуларни пораки преку Вибер до активистите на младинската организација на партијата, со насоки како да ги лажат луѓето дека поефтинувањето ќе пристигне, иако и самите се свесни дека со најавената либерализација на пазарот на електрична енегија, цената на струјата всушност ќе порасне за најмалку 20%.

Од извор познат на редакцијата, ги добивме пораките со кои функционер (исто така познат на редакцијата) му дава насоки на партиски активист за тоа како треба да се лаже народот во врска со цената на електричната енергија.

„Значи ова со насоките: по локални клубови по еден од младина да иде на секои 3 дена и да ги потсетува луѓето што им е кажано прошла недела“ – вели функционерот на СДС, мислејќи на насоките и лагите кои им се кажани на членовите, а со кои треба да се оправдуваат и да се убедуваат луѓето дека цената на електричната енергија нема да поскапе.

Активистот од младинската организција го убедува фукнционерот дека, луѓето знаат дека либерализација на пазар на електрична енергија значи и поскапување за најмалку 20%, и дека тешко ќе им помине приказната која ја пласираат.

На ова, од функционерот добива одговор:
„брате мој Мирко, либерализацијата шо ќе донесе ќе донесе, сеа е битно пред луѓево на избори да не таласаме. Луѓево немаат поим од либерализација. Веројатно ќе поскупи дали 20 дали 22-23% ќе видиме ама тогаш ќе му ја мислиме како ќе браниме став, ок? Битно до тогаш не смее да знаат луѓето дека ќе поскапува струја, туку само да се фура и јако да се нагази со поевтинувањето. Се разбравме“

Ова не е прв пат политиката на СДС да се потпира на претпоставката дека народот е неписмен и не разбира, и дека секоја лага повторена илјадапати станува вистина.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This