Лидерите на ЕУ не се договорија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на ЕУ не постигнаа договор на самитот во Брисел за обемот на грантови во рамки на економскиот пакет на помош за земјите кои најлошо се погодени од пандемијата на коронавиурс.

Повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, Ројтерс јавува дека за групата „штедливи“ земји лимитот на помош е 350 милијарди евра, а за останатите 400 милијарди, вклучувајќи ги Германија и Франција.

ЕУ лидерите на самитот во Брисел разговараат за пакетот вреден 1.824 милијарди евра, кој опфаќа повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за опоравување (750 милијарди евра).

Досега договор не е постигнат ниту околу самата големина на пакетот, но ни во однос на неповратната помош и заедми на кои земјите членки може да сметаат од фондот за опоравување како ни околу условите за управување со парите.

Групата т.н. „штедливи земји“ – Холандија, Австрија, Данска Шведска и Финска, се залагаат за што помалку грантови, но и построги услови за распределба на средствата од фондот.

Од друга страна се Италија, Шпанија, Португалија, поддржани од Германија и Франција кои инсистираат на најголема финансиска помош за обнова од последиците на кризата со ковид-19.

Германија и Франција се залагаат на земјите членки низ фондот за опоравување на располагање да им се стават 400 милијарди евра, додека т.н. „штедливи земји“ не се согласуваат со бројката која оди над 375 милијарди евра.

– Последен предлог
Предлогот кој моментално е на маса е предлогот на претседателот на Европската комисија Шарл Мишел и тој изнесува 450 милијарди евра во грантови и 300 милијарди евра во позајмици.

Се оценува и дека покрај прашањето за парите меѓу „штедливите држави“ и германско- француската коалиција води борба за политичка превласт кога е во прашање чиј предлог ќе биде поддржан.

Доколку европските лидерви вечерва одлучат да ги продолжат утре разговорите, самитот ќе влезе во четврти ден. Последен пат еден европски самит траеше четира дена пред 20 години, а беше одржан во Ница, Франција.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This