Идентитетот не е бетон, а ако сакаме да го споредуваме со други градежни материјали, идентитетот веројатно личи на рушевините кои останаа од старото Скопје по земјотресот во 1963 година. Дека од идентитетот остана само рушевина, сведочи и следниот Фејсбук статус на наш сограѓанин кој патувал во Египет и имал едно „интересно“ искуство на граница
„Да не кажете дека не е пријавено. На границата помеѓу Јордан и Египат (онаа што се поминува со брод кој ги поврзува Акаба и Нувејба) кога идеш да се чекираш и укуцаш на број со Македонски пасош, не може да се издаде дозвола за влез бидејќи во компјутер не постои Македонец или варијација на истотот (Северно Македонец, Фироман, Република Македонија и остали варијации). За полесно разбирање опцијата е да си избереш меѓу Грција или србија, наравно брачо срби фала још једанпут.“ – стои во статусот на Игор Изотов, кој во својата објава ги повикал МНР да го прочитаат неговото искуство, објаснувајќи дека не би сакал да испадне „небањат“ или „северџан“ па затоа не ги тагирал другите институции надлежни за разрешување на оваа состојба.
Важно, Димитров продаваше патлиџани за членство во ЕУ, и не убедуваше дека го „бетонирал идентитетот“.
Ок.