МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО НА ДНОТО: Најголема стапка на невработеност меѓу земјите од поранешна Југославија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија 2018-та година ја заврши со убедливо најголема стапка на невработеност од сите екс-југословенски републики, објави Анадолија. Невработеноста во Македонија во претходните 12 месеци е намалена за 2,1 процент, но земјата со 20,8 отсто невработеност најлошо котира во регионот кога станува збор за пазарот на трудот.

Најголем успех во намалувањето на невработеноста во 2018-та постигна БИХ.

Иако забележа највисоко редуцирање од дури 5,1 проценти, Босна и Херцеговина останува претпоследна во регионот со стапка од 18,4 проценти.

Невработеноста е исто така намалена за 3,3 отсто во Црна Гора лани, но сепак е генерално висока со вкупна стапка од 14,1 % од работоспособното население.

Со остварената стапка на невработеност од само 5,0 отсто, Словенија е најдобра во регионот кога станува збор за пазарот на трудот. Словенците минатата година забележа намалување на стапката на невработеност од 2,8 отсто, а со тоа достигна најниско ниво на невработеност во последните десет години (од 2008 година).

Хрватска и Србија се единствените две земји каде што се зголемила невработеноста во 2018-та за разлика од почетокот на истата година. Стапката на невработеност во Хрватска изнесува 9,4 отсто, што е малку повисока отколку на почетокот на годината, а минимално е полоша и во Србија која минатата година заврши со стапка на невработеност од 11,3 отсто.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This