Македонија тргната од црвената листа на Австрија: Сите патници од Балканот ќе можат да влезат во Австрија без kapaнтин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите земји од Западен Балкан наскоро ќе се најдат на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Со уредбата која ја донесе владата во Виена, а која стапува на сила од четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија.

Досега само Србија, Македонија и Албанија, беа на „зелената“ листа, а во иднина таму ќе се најдат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената“ листа можат да влезат во државата без да бидат подложени на карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови, односно Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон. Ќе се прифатат и кинеските Синофарм и Синовак. Руската вакцина Спутник В се уште не е прифатена од австриските власти.

Според новите правила, сите кои не се вакцинирани а сакаат д влезат во земјата ќе мора да покажат потврда дека го имаат прележано коронавирусот, или негативен ПЦР или антиген тест…Патниците кои доаѓаат од зелената листа според новите правила нема да мораат да ја пополнуваат електронската регистрација која претходно беше потребна за влез во земјата.

Делта-варијантата на коронавирусот, која брзо се шири низ цела Европа, можно наскоро да ги врати рестрикциите на Стариот Континент…

„Се наоѓаме во многу опасен период од пандемијата. Во земјите со ниска стапка на вакцинација, повторно се полнат болниците. Се уште не помина опасноста. Делта варијантата е опасна и продолжува да се шири.“ – изјави Тедрос Гебрејесус – генерален директор на СЗО.

Според експертите, ширењето на мутираната инфекција би можело веќе од август повторно да ги врати рестрикциите назад на сила низ повеќето држави.

Најсериозна е состојбата во Британија каде што и покрај големата бројка на имунизирано население, таму делта-варијантата на ковид-19 го зголеми бројот на згрижени пациенти во болниците.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This