МАКЕДОНКА СЕ ГРИЖИ ЗА ДЕЦА ПРИ ПЛОВИДБА: Работата на брод не знае за политика и pacизaм!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонка која се грижи за деца при пловидба вели дека работата на брод не знае за политика и pacизaм. Билјана Василева за работа на брод досега има направено четири договори од шест месеци и десет од два месеца.

– Прв пат заминав на брод во 2008 година. Првиот договор беше на шест месеци на релација Мајами – Бахами – Мексико. Одлуката дојде по неможноста за вработување, откако дипломирав на Педагошката академија во Битола отсек воспитувач за предучилишна возраст. Тоа ми беше и единствената можност тогаш за работа надвор од Македонија – рече Василева за Плсуинфо.

Со нејзината преголема пасија за работа со деца, таа била пресреќна кога и кажале за работните обврски.

– Тоа што ми кажаа дека ќе работам со деца во игротека беше предност да стекнам искуство во струката, а тоа што ќе имам можност да го прошетам целиот свет беше остварување на мојот сон – рече Василева.

Нејзината задача било организирање на забавни активности за деца од 3 до 12 години. Во слободно време, како што вели таа, вработените имаат можност да ги прошетаат сите дестинации.

– Мојата работа вклучува тим од 15 вработени. Персоналот и патниците се буквално од целиот свет, што е предност да се запознаат другите култури и нивните традиции. На бродот сме како едно големо семејство. Не се зборува за политика и pacизaм и не се осудува. Секој си ја работи својата работа, но во слободно време може да се дружиме. Секогаш има солзи кога некој треба да си оди – појасни Василева.

Таа додаде оти само работата со деца има можност за сезонски договори од еден до два месеца.

– Првите месеци е напорно затоа што се работи секој ден и постојат строги правила кои мора да се почитуваат. Еднаш додека шетавме низ Њујорк со колешките се изгубивме, а имаше голем метеж во сообраќајот. За среќа носев пари, па со такси успеавме навреме да стигнеме на бродот. Тоа е најголем стрес. Не смее да се доцни на брод – нагласи Василева.

Во нејзиното десетгодишно искуство, Василева вели дека има преубави спомени.

– Компанијата „Norwegian Cruise Lines“ ми овозможи да стекнам огромно искуство и секогаш го наградуваше мојот труд за многуте идеи што ги презентирав за децата – додаде таа.

Од посетените дестинации, најголем впечаток и оставиле Њујорк и Скандинавија.

– Сега имам свој клуб за деца за прославување родендени, но додека трае летниот распуст, сезонски им се враќам на бродовите – појасни Василева.

Таа додаде оти сѐ уште се надева дека ќе има шанса да се вработи во некоја од детските градинки во нашата држава.

– Оние кои имаат желба за заработка, оние кои сакаат да патуваат и да го видат светот, или имаат голема желба да работат со деца, работа на брод е вистинската можност. Пред сѐ, ќе се изградат како самостојна личност, а ќе ги видат и сите оние убавини кои се кријат во другите култури, а кои сме ги гледале на филмови или интернет – заврши Василева.


Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This