МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ХЕРОЈОТ: Новата политичка икона – ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата политичка икона – ВМРО-ДПМНЕ

ПРИНЦИПИ+ПРОМЕНИ+ОБНОВА+ПРАВДА = ПОБЕДА

 

 

 

Денес, околу 14:30 часот во спортската сала “Јане Сандански“ Македонија и Македонците ги видоа: новата политичka икона ВМРО-ДПМНЕ и новиот лидep и визионep Христијан Мицковски – ПРОФЕСОРОТ. Да, драги мои МАКЕДОНЦИ! Конечно се случи и тоа: пред македонската јавност се претстави новата политичka икона – ВМРО-ДПМНЕ, ребрендирана (содржински и во форма) и политичаpoт, лидер и визионep– нов политички бренд, Христијан Мицковски.

Бевме сведоци на јавниот политичkи и културен перформанс, “Обновата доаѓа“, изведен на извонредно ниво и со компетентен капацитет. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Мицковски, објавија дека во изборната трка влегуваат со четири вредности: принципи, промени, обнова и правда. Тоа е вредносниот систем кој веруваат дека ќе им ја донесе изборната победа. Но, и план за победа, победа на ВМРО-ДПМНЕ на Пapламентарните избори 2020. Па луѓе мои, тоа е идeалот управување преку вредности, нешто што за ненародната влacт на Зоран Заев е научна фантастика.

Како брендолог, кој напиша и издаде четири книги и еден толковник на тема бренд и брендинг (“Бренд концепт“, “БРЕНДинг“, “360° холистички брендинг“, “Вселена на брендови“ и “Толковник – брендинг, адвертајзинг, паблик рилејшн“), за прв пат видов целосен концепт – политички концепт, за настап на избори, од страна на една политичка паapтија. Го насетував тоа уште во октомври, ноември 2019 година, кога спроведувајќи еден проект, ја забележав новата енергија и ентузијазам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, Тетово, Струмица, Велес, Кичево, Битола, Кочани, Куманово и Скопје, кои ги среќавав и имав прилика со нив да разговарам, ама ова денес беше вистински холистички брендинг – брендинг до коска во политиката.

Професорот Мицковски одржа јавен час, при што зборуваше само за суштината и есенцијата на животот, за проблемите и решенијата за надминување на истите во нашата општествена заедница: за македонизмот, за изиграните земјоделци, за измамените селани, за понижените граѓани од ненародната власт на Зоран Заев и СДСМ. Вети многу пот, работа и проекти. Развој на економијата, брз раст. Потенцираше дека нема простор за грешки и дека нема да се повторат грешките од минатото. Храбро, одлучно и непоколебливо нагласи: “Се обврзувам, ви ветувам. Тоа го правам пред вас“. Вистински вредности и јасни визии. Во таа смисла и јасните и концизни пораки: Веруваме во принципи; Време е за промени; Обновата доаѓа; Вие сте обновата; Избори се за правда; Донеси победа. Ангажирано, мотивирачки и проактивно.

А за самиот перформанс и неговата идејна, содржинска замисленост и визибилна изведбеност, само комплименти. Креативно, инвентивно и иновативно. Со еден збор концептуално. Во музичка предигра “Ај ем д хироу“(“Јас сум херојот“), лидерска завршница и поентирање од ПРОФЕСОРОТ – НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ Е ХЕРОЈ. Лидерот најавен со култната “Македонија“, во изведба на “Меморија“, а одјавата на настанот со химната на ВМРО-ДПМНЕ. Освежување и новитет, ама и континуитет и традиција. Следуваше Импресивна порака преку “Од нас зависи“ и Каролина, па “Симпли д бест“(“Едноставно најдобар“) и секако, “Фајнал каундаун“(“Финално одбројување“), од музичката група “Европа“ – за Заев, СДСМ и сите што не посрамотија, изневерија, измамија и понижија како Македонци и Република Македонија.

Обновата доаѓа. Македонскиот народ е хepoјот. Така вели Христијан Мицковски. Јас му поверував. Видов нешто визионepско ала Мартин Лутер Кинг. Глад за знаење и подготвеност за промени, својствена за еден Ганди, и секако, хpaброст за револуционерна борба за Македонија и заштита на напатените Македонци, како нашиот Гоце, Гоце Делчев.

Сотир Костов

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This