МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ЗАГИНА ВО ХРВАТСКА: Детали за страшната сообраќајна незгода во Медуин, Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во центарот на Медулин во ноќта во петокот кон саботата се случи страшна сообраќајна несреќа во која загинаа два мажи, еден хрвтски државјанин и еден македоснки државјанин. Двајцата биле во изнајменото возило Форд Мондео, во сопственост на рент а кар агенција, а смртно страдале откако автомобилот, поради неприлагодена брзина најпрво се забил во столб на улична светилка, а потоа и во бетонски ѕид.

Јутрањи лист пишува дека несреќата се случила во дел каде е пропишана брзина од 30 километри на час. Возилото возело многу побрзо, за што сведочат трагите на кочење, па поминувајќи во спротивната лента се занело и излетало во десно, ударајќи во уличната светилка, а потоа и во ѕид.

Од силината на ударот столбот на уличната светилка се откинал од лежиштето и влегол под автомобилот, а потоа следувал удар во оградниот бетонски ѕид, а столбот на светилката удрил во терасата на првиот кат на станбената зграда. Автомобилот застанал во близина на срушениот ѕид со столобот на светилката заглавен во подвозјето на возилото.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This