Марија Шарапова ја објави својата свршувачка со британскиот дилер на уметнички дела Александар Гилкс, кој е близок со кралското семејство.
33-годишната пензионирана руска суперѕвезда во тенис се огласи на Инстаграм и објави дека 41-годишниот британски бизнисмен го поставил прашањето.
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2020/12/36977516-0-image-a-76_1608233683512.jpg)
Нивната тивка врска, далеку од очите на јавноста, започна во 2018 година. Британецот инаку живее и работи во Њујорк. Тој е сопственик на уметничка галерија во Менхетн, каде и ја запознал Шарапова.
Таа сподели галерија од фотографии и видеа со опис: Реков „да“ од првиот ден кога се сретнавме. Ова беше нашата мала тајна. На објавата додаде и емотикони со срце, дијамантски прстен и шампањ.
Марија сподели и една постара фотографија со наслов „Само ние двајцата“, алудирајќи на фактот дека тие тивко се забавуваат од 2018 година.
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2020/12/36977960-9065073-image-a-77_1608234104256-1.jpg)
Акександар беше во брак со њујоршката модна дизајнерка Миша Ноно четири години сè до разделбата во октомври 2016 година.