МАРТИНКИ: Еве кое е нивното значење и до кога се носи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог,односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.

Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’.
Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот.

А на два господари не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи.
И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Носењето на ‘мартинка’ е суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сѐ до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сѐ додека да расцути првото дрво.

Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат.

Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за неecpeќa и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие.

Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крстче, која ни служи за молитва.

Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто ̶ без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот:
само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5),
туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This