МИЦКОСКИ ДО РУСКОСКА И КАЦАРСКА: Се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, постои дамакловиот мач надвиснат над нивните криминални глави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Кацарска судството“, „Рускоска обвинителството“ беа тема на денешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која излезе во Кочани да го искаже револтот д работењето на актуелната власт. Пред насобраните граѓани во овој дел од земјава говорепе лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кој посочи дека владата преку „Кацарска судството“, „Рускоска обвинителството“ и нарачани сведоци сакаат да му нанесат штата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе се појави „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ и тогаш ќе се појави некое нарачано сведочење кое што има две цели. Првата цел е како да му нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, како ВМО-ДПМНЕ да го претстави како црн ѓавол, да го демонизира дека ВМРО-ДПМНЕ правело нешто што не правело. Тоа е со единствена цел браќа и сестри, сопатници. Сакаат да го уништат ВМРО-ДПМНЕ, им пречи ВМРО-ДПМНЕ, им пречи овој народ ширум Македонија, им пречи хрброста и честитоста на овој народ, затоа што знаат дека се додека постои ВМРО-ДПМНЕ и последниот од нас ќе постои Македонија, затоа што Македонецот на Македонецот е Македонец. И се додека постои ВМРО-ДПМНЕ, постои дамакловиот мач надвиснат над нивните криминални глави, полни со монструозни издеи за криминал, мозок натоварен со грст народни пари, чудни мисли, неморал. За да бидат осудени еден ден, а тој ден јас ви ветувам дека ќе дојде многу брзо, многу брзо ќе го поразиме и СДСМ и Зоран Заев но и тие квислинзи кои што застанаа рамо до рамо со нив, сите на купче ќе ги поразиме, рече Мицкоски пред насобраните кочанчани.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This