МИЦКОСКИ НА СРЕДБИ СО ДИЈАСПОРАТА ВО ЊУ ЏЕРСИ: Во нашата земја владее правна несигурност и политички терор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден оствари повеќе средби со дијаспората во Њу Џерси, САД, и оддржа трибина на која се разговараше за акутелните политички состојби во Република Македонија.

Мицкоски оствари средба со претставниците на Движењето за човекови права во Њу Џерси – организација која повеќе од 30 години превзема голем број активности насочени кон заштита на правата на македонците кои живеат надвор од македонија како и добротворни активности во Република Македонија.

Мицкоски ги информираше соговорниците за активностите на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон промоција на стратешките надворешно-политички приротети на Република Македонија.

Исто така соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски истакна дека во нашата земја владее правна несигурност и политички терор.

Мицкоски го посети црковниот храм Св. Кирил и Методиј кој е дел од една од најстарите и наголемите црковни заедници на Северноамериканскиот континент.

Мицкоски исто така оддржа трибина во Црквата Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси каде со  претставници на дијаспората разговараше за актуеланата политичка состојба во Република Македонија.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е насочена кон Евро-атланска интеграција и стратешко сојузништво со САД, како интегрален дел од заштита на националните интереси на нашата земја.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This