МИЦКОСКИ ОД ОХРИД: Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет- видлива е нејзината неспособност и запрепастувачко незнаење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штотуку остварив средба со граѓани во Охрид, градот на природните убавини, на словенската писменост, на богата и раскошна историја, но и градот каде силно се чуствува Заевизмот, кој пред се е неподнослива сиромаштија, криминал и корупција која расте и го јаде нашето општество, секој нејзин напреден елемент.

Владата е обезличена, со изгубен кредибилитет, видлива е нејзината неспособност и запрепастувачко незнаење, напиша лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Охрид е на маргините на внимание на власта, нема перспектива, нема нови инвестиции. Единствените странски компании се оние кои се пристигнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сегашната власт стигна дотаму и да лажат за нивото на странските инвестиции. Она што го прикажуваат за рекордно ниво е всушност данокот на добивка на компаниите кои е прикажан поради данокот кој го зголемија на почетокот на годината. Реалните инвестиции се неколкукратно помали, вели Мицкоски и додава:

„Нема напредок во општеството со капитални инвестиции од само 1 посто раст. Луѓето не живеат подобро, Македонија не оди напред. Неправдата е главниот двигател, а страдаат недолжните, оние кои чекаат живот тој никако да дојде. Охрид не заслужува да е на маргините, и треба да е во центарот на вниманието. Затоа потребно е да ја победиме оваа неправда и да се избориме за честита Македонија“.

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This