Мицкоски: Создади нова иднина – Да изградиме заеднички патриотизам, заедно да го пopaзиме kpиминалот, kopупцијата и да создадеме нови работни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од митингот во Неготино, каде што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја побара поддршката за кандидатот за градоначалник и советничката листа на партијата, ги повика граѓаните да се обединат и заеднички околу него и заеднички да го градиме нашиот патриотизам.

Повикувајќи ги граѓаните, Мицкоски истакна дека заедничкиот нов патриотизам на денешницата претставува заедничко обединување со цел поразување на криминалот и корупцијата кои ја заробиле Македонија и заеднички да создадеме подобра и побезбедна иднина со отворање и на нови работни места.

„Почитувани мои пријатели, сонародници, граѓани треба заеднички да го градиме нашиот нов, патриотизмот на 21-от век. Нашиот заеднички патриотизам, модерен, обединувачки. Заедничкиот патриотизам е да ја победиме заедничката мака и да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други. Да покажеме дека политичарите кои што се на власт, без разлика дали тоа сме ние од ВМРО-ДПМНЕ или овие кои што сега се на власт не ги поседуваат гласовите во џеб, туку треба напорно, макотрпно да работат и да се помачат да ја заслужат довербата на граѓаните”, истакна Мицкоски.

Тој порача дека заеднички патриотизам е кога ќе се обединиме и заедно се бориме и ќе успеваме да ги решаваме проблемите и предизвиците со кои се соочува Македонија, како на пример заеднички да успееме да ги вратиме назад македонските граѓани кои емигрирале по белиот свет.

„Заеднички патриотизам е заеднички да успееме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои што емигрираат, назад во Македонија. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да го победиме криминалот, корупцијата, неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, повеќе можности за развој, да носиме добри вести, да се радуваме на новите работни места”, порача Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This