МОЛК ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ: Билбордите во Тетово поставени без одлука на Општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што тврди „Дневник“, Советот на Општина Тетово досега нема донесено никаква одлука за утврдување на потребата за поставување урбана опрема, како и за условите и начинот за издавање на одобренијата за поставување

тетово-пред-избори-2014-3

Билбордите во Тетово се поставени без соодветна општинска одлука, а фирмите што ги стопанисуваат не се избрани на оглас, пишува „Дневник“. Рекламните паноа во Велес, пак, се поставени од избрана фирма која потоа не потпишала соодветен договор, а паноата не се отстранети.

Како што тврди „Дневник“, Советот на Општина Тетово досега нема донесено никаква одлука за утврдување на потребата за поставување урбана опрема, како и за условите и начинот за издавање на одобренијата за поставување.

„Нема одлука ниту за утврдување на локациите на кои се поставени билбордите. Од Општина Тетово со денови не одговорија на нашите прашања дали е спроведена предвидената процедура за поставување рекламни паноа“, се вели во објавата на „Дневник“.

640x480 teuta arifi

 

Овие сознанија, до кои дошол „Дневник“, деновиве ги потврдиле од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово. Kоординаторот Горан Јовановски вели дека билбордите се поставени на диво.

– Одговорно тврдам дека Советот на Општина Тетово не донел одлука за утврдување на потребата за поставување урбана опрема, како и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема, ниту, пак, е распишан оглас за избор на фирми што ќе стопанисуваат со билбордите. Од друга страна, склучувани се договори со одредени фирми. Последно што знам е дека се склучени договори со фирмите: „Сити борд“ од Тетово, „Скрин медија“ од Тетово, „Акцент медија“ од Скопје. Дали има нови договори, немаме информации како советничка група. Тоа значи дека практично билбордите се поставуваат на диво – изјавува Јовановски.

 

Претседателот на Советот на Тетово, Хисен Џемаили, не одговорил на прашањата кој стопанисува со билбордите, дали Советот донел одлука со која ги уредува начинот и постапката за издавање одобренија и дали и кога е распишан оглас за избор на фирми што ќе стопанисуваат со билбордите и на колку години. Топката на одговорност тој ја префрлил кај градоначалничката Теута Арифи и нејзиниот кабинет.

– За овие прашања најубаво е да се обратите до кабинетот на градоначалничката Теута Арифи или до лицето одговорно за односи со јавноста. Само знам дека има уредба на која се повика Советот, а според која е регулирано ова прашање – изјавил Џемаили.

Иако „Дневник“ телефонски се обидел да контактира со градоначалничката Арифи и со лицето за односи со
јавноста, не добиле одговори за билбордите.

По неколку дена чекање, не добиле одговори ниту на прашањата поставени по електронска пошта.

– За оваа проблематика многу работи се држат во тајност, се кријат како змијата нозете – рекол Јовановски.

Во Велес договор нема, билбордите стојат

Извори на „Дневник“, што ги познаваат состојбите во овој сектор предупредиле дека е слично и во Општина Велес,
односно тетовската фирма „Скрин медија“, која стопанисува и со билбордите во Велес, немала договор со Општината.

Секретарот на Општина Велес, Елизабета Јовчевска, во својата првична телефонска изјава истакнала дека во мај 2015 година избрале фирма на оглас, а потоа писмено одговорила дека избраниот понудувач не го потпишал договорот. Во писмениот одговор стоело дека официјално нема фирма што стопанисува со билбордите во Велес.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This