Во моментов северно и западно од Скопје има нестабилна воздушна маса, која засега во градското подрачје е проследена со грмежи и засилен ветер, но наскоро е можен и пороен дожд. Слична ситуација има и во Кумановско и во Кривопаланечко – известува дежурниот синоптичар при УХМР
Од вчера Македонија, особено северозападниот регион е ставен под жолта алертна фаза од страна на Европскиот метеоаларм, предупредувајќи на силни електрични празнења и дожд.
Според сателитската снимка на Европскиот експериментален сервис за предвидување на временската состојба, невремето потекнува од регионот на Шпанија, а се движи северно кон централна Европа, од каде се спушта кон југ.