НАДЛЕЖНИТЕ МОБИЛИЗИРАНИ: Најавите за поларен студ и снег ги мобилизираа надлежните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу ниски температури и снежни врнежи се најавуваат за следните денови. Надлежните институции се подготвени за поларниот бран од Сибир кој го најави Управата за хидрометеоролошки работи. Апелираат граѓаните да бидат свесни, да внимаваат и да ги почитуваат предложените препораки се со цел избегнување на несакани моменти.

sneg
-УХМР предупреди дека во текот на следните денови ќе дојде до појава на комбинација на два фактори: многу ниски температури и појава на врнежи на снег. Како што беше соопштено од стручните лица, комбинацијата на овие фактори на територијата на цела Македонија може да создаде определени ризици во поглед на снабдувањето со електрична енергија, и водоснабдување, отежнат сообраќај, можни ризици по здравјето на населението, соопшти вчера Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Токму поради ваквите најави, ЕВН ќе формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и готовност за реакција во случај на нарушување на системот за снабдување на електрична енергија. Ѓоргиев потенцираше и дека општините се задолжени да формираат кризни штабови и во соработката со регионалните центри на Центарот за управување со кризи, ДЗС и претставници од МВР да ги мобилизираат јавните претпријатија и сите ресурси кои би можеле да бидат од помош за справување со ризици доколку дојде до таква потреба.

Воедно надлежните апелираат до сите граѓани доколку немаат потреба да не патуваат за време на викендот, а сите транспортери кои можат да ги одложат транспортните рути тоа да го сторат.

И службите на ЈП „Македонија пат“ се подготвени за поларниот бран кој се најавува. Директорот Гајур Кадриу вчера информираше дека нивни тимови се распоредени на 37 пунктови низ Македонија со 24 gajurчасовно дежурство и втор степен на зимско одржување. Екипите се опремени со специјална опрема и абразивни материјали на сите пунктови, но оти тоа не значи дека во вонредни услови како што предвидуваат метеорзлозите сообраќајот би се одржувал како по суви коловози.
makedonija-okovana-vo-sneg-od-deneska-polaren-stud-211729
– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а особено тешките товарни возила без зимска опрема и неподготвени да не тргнуваат на пат бидејќи тие се голема пречка при вакви временски неповолности. Сите учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат собраќајни знаци и правила, изјави Кадриу.

И граѓаните и транспортерите и претпријатијата треба да се свесни дека доколку има потреба, може да дојде и до забрана за движење на тешки товарни возила. Но, за евентуално донесување на ваква одлука граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

На повисоко ниво на подготвеност се и здравствените установи. Д.р Јованка Костовска истакна дека планирано е да се посетат стари и изнемоштени лица и да се направи мапирање и да се види дали имаат потреба од храна, огрев и лекови. Згрижени ќе бидат и бездомниците.

На граѓаните им се препорачува да не излегуваат од своите домови, а доколку тоа мора да го сторат да биде во потоплите делови од денот со краток престој на отворено.

-Граѓаните доколку нема потреба да не излегуваат до дома, а доколку мораат тоа да биде од 11 до 16 часот кога малку се повисоки температурите. Препорачуваме кратко излегување максимум до час ипол,со топла облека, да се носат топли напитоци и обувки кои не лизгаат за да се спречат скршеници кои очекуваме дека ќе ги има. Хронично болните во овие два дена да си обезбедат терапија за да не мора да излегуваат на студеното време. Доколку некој граѓанин има потреба од медицинска помош или пак познава некој на кого му е потребна помош да се јават веднаш на телефонскиот број на Итна медицинска помош 194 или за друг проблем во ЦУК 195, или на бројот на Црвен крст 3139-578, вели Костовска.

cuk2-640x348
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити рече дека веќе неколку денови наназад во нивниот домен на работа е грижата за бездомните лица. Потенцира дека поседуваат Центар за бездомни лица во Момин Поток.

– Беше заклучено заедно со Министерството за труд и социјална политика да се зголемат овие капацитети за околу 50 легла. Се договоривме да се направат програми, план за згрижување на бездомните лица и надвор од Скопје односно во другите градови, рече Саити кој додаде дека Црвениот крст на Република Македонија ставил во фунцкија неколку свои тимови кои ќе патролираат низ градот Скопје да ги пронаоѓаат бездомните лица и заедно со министерствата да прават посета на осамени лица хронично болни.

Што се однесува до главниот град, Скопје, градоначалникот Коце Трајановски информираше дека и градските служби се подготвени за најавените снежни врнежи и ниски температури. За чистење на снежните наноси од коловозите Градот Скопје оваа сезона располага со 24 возила и со доволно количество сол, односно со 2 500 тони сол. Изминатата ноќ на улиците низ Скопје зимските служби фрлиле 103 тони сол се со цел да се спречи појавување на голомразица. Состојбата се следи будно, информираат од Градот, и ќе се интервенира според потребите и состојбата на терен.

Имено, Управувачкиот комитет за кризи вчера попладне одржа седница на која беа донесени горенаведените заклучоци и мерки. Надлежните институции и служби информираа дека се подготвени за снежиот и студен бран. Сепак, добро е и граѓаните да имаат совесен и одговорен однос кон ситуацијата која не очекува.

Како што веќе е познато, а за што медиумите постојано информираа изминативе денови, од четврток се очекуваат силни снежни врнежи кои со намален интензитет ќе продолжат и во петок. Насекаде ќе се формира снежна покривка која ја планините ќе достигне до 50 сантиметри. Во Скопје се очекува снежната покривка да биде околу 10-15 сантиметри.

Од утре до сабота ќе дува и засилен, а повремени и силен северен ветер кој наместа ќе предизвика снежни навеви. Од УХМР најавуваат многу ниски температури кои ќе достигнат до -22 степени.

Latest News

B52Club Your Ultimate Gaming Destination in the City [088.Casino]

Are you a gaming enthusiast looking for the ultimate gaming experience in the city? Look no further than B52Club,...

More Articles Like This