Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов се фали со акцијашко чистење на улици, што во 21. век претставува основна активност на еден градоначалник.
Од друга страна, тој требаше да се сети да чисти низ скопските улици откако амбасадорите претходно ги засукаа ракавите да чистат. Дополнително, Град Скопје прими 1.000 нови сезонски работници за чистење.
Но додека Шилегов се фали со хигиената во Скопје овците стануваат негов заштитен знак. Додека туристите го разгледуваат Воинот на коњ или споменикот на Цар Самоил може да видат и овци среде Скопје. Додека дипломатскиот кор џогира на кејот може да видат и во живо стадо овци, а скопскиот Градски парк е единствениот парк на метропола каде наместо машина за косење трева се употребуваат овци.