Најстарата ќерка на Мадона, Лурдес Лола Леон, во понеделникот вечерта присуствуваше на забава во лондонски The Standard, а настанот го организира списанието LOVE во рамките на Модната недела во англиската престолнина (London Fashion Week).
Ќерката на поп-кралицата беше фотографирана додека се враќаше во хотелот по забавата.
Претходно, во текот на денот, Лурдес присуствуваше на презентацијата на британскиот бренд AW2. А за таа пригода на себе имаше мини фустан на „Барбери“, шапка од истиот бренд и ѓердан со изгравирана плочка со име Лолита.
Исто како и славната 61-годишна мајка, Лурдес студира на Факултетот за музика, театар и танц на Универзитетот во Мичиген од 2014 до 2018 година.