-Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8-ми ќе дојде за некој ден, посочи градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.
Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов на денешната собраниска седница истакна дека од него било побарано до 8-ми овој месец да се произнесе за националната стратегија и акцискиот план за бегалци.
Тој изрази незадоволство поради тоа што оние кои ја предлагаат Националната стратегија ги нема да ги слшнат граѓаните.
-РМ нема ниту потенцијал, ниту капацитет за вакво нешто, истакна Апостолов, додавајќи дека 500 или 1000 мигранти само би ги зголемиле проблемите на жителите во општина Неготино.
-Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8-ми ќе дојде за некој ден, посочи Апостолов.
Побара во неговата општина да се организира референдум, па граѓаните непосредно да се изјаснат по ова прашање.