Претседателот на Србија, Александар Вучиќ добил подарок Фолксваген часовник за време на неодамнешната посета на Германија, дознава Курир.рс
Овој необичен подарок го добил од министерот Синиша Малог, во Германија и тоа за среќа.
Додека се чека конечната одлука за доаѓањето на Фолксваген во Србија, што е можеби најголемата економска вест во последниве децении во соседната земја, претседателот Вучиќ како амајлија за среќа и доаѓање на германскиот авто-гигант го носи нивниот часовник.
Вучиќ бил во еднодневна посета на Германија и таа посета ја искористил да го посети музејот на Фолксваген во Волфсбург каде се фотографирал со голф, автомобил кој во дамнешните 80-ти од минатиот век го сакаше секој просечен Југословен.