Шеснаесет години по конфликтот во 2001 година Албанците се конструктивен фактор во Македонија и предрасудите кон нив се надминати, смета лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети.
Првиот човек на ДУИ на предизборниот митинг во Шемшово изрази уверување дека сликата за Албанците во Македонија од 2001 година до сега е сменета.
„Во тоа време мислеа дека сме луѓе од планина, диви луѓе со калашникови, но ние докажавме дека сме луѓе на дипломатијата, на мирот, на стабилноста“.
Тоа поглавје веќе е затворено и сега Албанците придонесуваат за доброто на државата, рече Ахмети.