Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на пропустите и скандалите кои се случуваат во здравството.
Говорејќи за случајот со родилката на која и беа извадени здрави органи Николов оценува дека станува збор за скандал.
„Судир на интереси е еден директор да работи сам кај себе во своја ординација. Ова се недозволиви работи, затоа време е конечно да се фокусираат надлежните на системските проблеми. По ваков исход во идинина кој би се осмелил од граѓаните да пријави ваков или сличен случај“, праша Николов.
Николов се осврна и на предлог законот за проект на нов клинички центар.
„Ова што го нудат како закон за нов клинички, не е закон. Тоа е уште една пиар флоскула од 9 члена. Во тој текст никаде не пишува дека некој ќе го контролира процесот на изградба на нов клинички. Дополнително се повикуваат на анализи од 2009 година, знаете колку е сменета ситуацијата во последната година по појавата на корона. Потребен е поинаков пристап. Последиците од кризата го бараат тоа“, рече Николов.
Николов: Здравството го тресат ckaндали, kopyптивни зделки, cудир на интереси е еден директор да работи сам кај себе во своја ординација
Поврзано
- Advertisement -