Оскаровецот Леонардо Дикаприо веќе една година е во среќна врска во глумицата Камила Мороне. Откако минатото лето крстареле низ Италија, 43 годишниот глумец Леонардо Дикаприо и неговата 21 годишна избраничка, својата романса ја продолжиле и во САД.
Иако поради големата разлика во годините и фактот дека славниот оскаровец е голем заводник, никој премногу не верувал во љубовта на овој пар, но подобро упатени извори тврдат дека Леонардо сосема ја “изгубил” главата за младата бринета која исто така настојува да оствари холивудска кариера.
https://www.instagram.com/p/Bp2FqkTFE-s/
Иако се заедно нешто помалку од една година, јавно не говореле за својот однос, а се шушкаше и дека Леонардо сериозно размилсува убавата глумица да ја одведе пред олтар.
И покрај фактот дека глумецот е во петтата деценија, тој сè уште не се оженил, а историјата многу пати покажала дека со “таа вистинската” се смируваат и најпосакуваните ергени.
https://www.instagram.com/p/BpaENK-gNBq/
Инаку, Камила е ќерка на аргентинската глумица Лусил Соле, која од Леонардо е помлада само една година, а таа е позната по долгогодишната врска со Ал Пачино, со кој неодамна раскина. Камила била прилично поврзана со Ал Пачино, кој приватно се дружел и со Леонардо Дикаприо.