НИШТО ОД ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ НА БОГОЕВ: Карпошани граѓани од втор ред – ништо од подземните контејнери во Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Стефан Богоев и СДСМ во предизборната кампања на карпошани им ветуваа брда и долини, како поминува времето од неговиот мандат се повеќе излегува на виделина неговата инертност во реализација на ветените проекти и тековните обврски на општината.

Само за споредба во време на претходниот градоначалник Стевче Јакимовски, карпошани имаа цел месец забава и уживање за реномираната манифестација „Културно Лето Карпош“ оваа година „Културнот Лето“ на Богоев трае цели три дена. Сепак она што би сакале да го пренесеме и споделиме со нашите читатели не е квантитетот на музика и уметност во општина Карпош, туку многу по суштествен проблем на граѓаните од оваа реномирана општина а тоа е хигената и комуналните активности.

На последната 15та седница на советот на Град Скопје се расправаше за полугодишните извештаи од работењето на градските претпријатија како и извршувањето и реализација на предвидениот буџет на градот Скопје. Целокупната слика за овој извештај е дека Скопје има најслаба реализација на буџетот и проектите во последниве десетина години.

Во извештајот на претпријатието „Комунална Хигена Скопје“ стои планот за поставување и инсталирање на подземни контејнери во сите општини во градот. Она што е впечатливо од материјалите е дека за општина Карпош не е предвидено инсталација на подземни контејнери.

Исто така општина Карпош, според материјалите од град Скопје е единствената општина која потфрла и не реализира едукација и поттикнување на свеста за совестно третирање на отпадот и ѓубрето како и хигената на околина кај најмладите во училишна и предучилишна возраст

Општина Карпош мака мачи со отстранувањето на дивите депонии и секојдневниот смет по населбите. Секојдневна слика се контејнери преполни и претрупани со ѓубре, купишта отпад и шут по кејот на Вардар и урбаните населби. Подземните контејнери се од круцијално значење пред се заради количината која можат да ја соберат и секако фактот што сметот не е на виделина. Зашто Богоев нема во план да постави подземни контејнери во Карпош иако хигената му беше едно од главните ветувања во предизборието

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This