Агенцијата за вработување на Р.Македонија сеуште го нема донесено оперативниот план за поттикнување на вработувањата
Изминува и февруари. Абер нема од оперативниот план кој откако ќе се усвои на седница на Влада, треба да се објави јавен конкурс. Потоа фирмите да аплицираат, па да се одлучува по апликациите и на крајот да се доделат средствата.
Заинтересираните фирми и невработени се прашуваат дали воопшто овие мерки ќе профункционираат годинава. Очигледно ништо нема да има од ветените 5.000 и 10.000 евра за вработувања. Ова е голем пропуст на директорката на АВРМ Билјана Јовановска која очигледно е презафатена со разместување на партиски истомисленици со потреба да реновира делови од Агенцијата во внатрешноста. Инаку, г-ѓа Билјана беше директор на оваа агенција во периодот 2007-2010. По потрошените 650.000 евра за реконструкција на скопската Агенција за вработување, Груевски експресно ја смени.
Дали причината била тоа што за време на реновирањето наводно се стекнала со неколку стана во општина Аеродром, куќа со ресторан во населба Лисиче и викендичка во Брезница, сеуште е непознато.