Нова бура во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битката со катастрофата во Грција продолжува и понатаму. Страшните слики кои ги прогонуваат луѓето со денови, ќе продолжат и во следните неколку дена. Метеоролозите најавуваат нова бура Зенон која доаѓа од Средоземното Море ноќеска ќе ја погоди Грција.

Според синоптичарите Зенон со себе носи нов бран поројни дождови и ветар како на почетокот на неделата, кога беа предизвикани катастрофалните поплави крај Атина и во кои досега загинаа 16 луѓе.

Реките од кал и вода предизвикани од Евридика веќе уништија илјадници домови, болници, продавници, училишта.  Граѓаните без кров над глава  во страв и паника ги чекаат новите дождови.

„Се е уништено. ништо не остана од домот, и двете коли кои ги поседувава водата ги однесе. Домот ми цел во кал“.

„Се е уништено, се е искршено, ништо не остана од нашиот  дом. Се беше ново, мебелот беше нов, дури и вратите од мојот дом се бутнати од водата“, велат граѓаните.

Од вчера во Грција е тридневна жалост.  Сите училишта во областа Атика се затворени, властите и спасувачки екипи трагаат по исчезнати во библиските поплави. Грчките власти објавија дека сите што имаат потреба добиваат помош.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This