НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Регулаторна комисија за енергетика ќе ги утврди новите цени на горивата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 29 април, вообичаено како и секој втор понеделник во месецот ќе се утврдат новите цени на горивата.

Цените на горивата се креираат согласно движењата на нафтата на Светските берзи, која е во постојан пораст изминатата година.

Според последната корекција малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапија за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пред недела и пол се зголемија за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 денар/литар.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This