Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ утре на тeрeн со граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на утрешниот ден 05.07.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во 12:00 часот ќе оствари кафе средба со млади во клуб „Калипсо“, Прилеп. Во 12:45 часот ќе го посети штандот на ВМРО-ДПМНЕ во паркот на Револуцијата, предвидена е изјава за медиуми во 13:15 часот. Во 13:20 часот ќе оствари средба со просветни работници во Амфитеатар на Могилата на непобедените.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Кривогаштани 17:00, општина Крушево во 18:30 часот, општина Прилеп 20:30 часот.

– Носител на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова во 12:30 часот ќе даде изјава при отворање на регионален штаб, Корнер на Партизанска.

Во 19:00 часот превидена е трибина „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“, во Парк на светлината

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, во 12:30 часот пред Поликлиника Чаир ќе даде изјава за медиуми.

-Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, ќе ја посети општина Зрновци, во 10:30 часот предвидена е изјава за медиуми кај црква Св. Димитрија.

Ќе ја посети општина Виница, во 18:00 часот предвидена е изјава кај паркот во центар.

Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Јакимово и ќе има свое обраќање во 19:00 часот.

Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Истибањи и ќе има свое обраќање во 19:30 часот.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски во 13:15 ќе даде изјава во паркот на Револуцијата, Прилеп.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска во Теарце, с. Варвара ќе ја посети црквата и во 10:30 часот е предвидено е изјава за медиуми.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This