Volvo FL Electric и FE Electric се камиони со погон на струја наменети за градска дистрибуција на стока и за собирање oтпaд кои од минатиот месец се достапни за одредени пазари. Шведскиот производител веќе го презема следниот чекор и претстави два концепти на тешки електрични камиони за градежништвото и за регионална шпедиција.
Во првиот случај станува збор за кипер со четири оски, додека вториот е влекач со полуприколка. Технички детали околу концептите на камионите со пoгoн на струја засега не се објавуваат.
Volvo Trucks сепак најавува дека во видно време ќе започне со изработка на мала серија од двата камиони, коишто ќе бидат понудени на избрани клиенти. По пробната фаза на камионите на батерија во реални услови на примена евентуално ќе следи и старт со редовно сериско производство.