ОБРАТНО ТРЕБА, ЗАЕВ: Во владата не се знае кој јаде, кој пие – Заев утре ќе оди во Идризово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владината прес служба соопшти дека утре, понеделник 11 септември,  Премиерот Зоран Заев ќе го посети затворот Идризово и ќе ги види условите, а посетата е на покана на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

Затворот има директор кој го именува Владата на Република Македонија, а надзорот во затворот го врши Управата за извршување на санкции, орган во рамки на Министерството за правда, кој има директор што исто така го поставува Владата.

-И, сега замислете, Владата која го поставува директорот, која ги обезбедува парите преку буџетот, утре на покана на невладини организации, како Хелсиншкиот комитет и Народниот правобранител (или адвокатот на граѓаните) ќе оди да ги види условите во затворот?!, пишува порталот Сведок.

Според порталот, ваквата најава може да се протолкува само како уште еден бисер на владините служби и советниците на премиерот. невладините организации и правобранителот кои укажуваат на лошите услови во затворите можат да му ги достават своите констатации на Премиерот, Владата, министерот за правда, но нема поголем парадокс од тоа, тие да го канат премиерот да посети нешто што е под ингеренции на Владата односно надлежното министерство.

-Ова излегува, како да им дозволите на комшиите да ве поканат да дојдете и да го посетите Вашиот дом, за тие да ви укажат на недостатоците во него. Факт е дека во затворите треба да се менуваат условите, дел од тоа е споменато и во страгтегијата 3-6-9, но посети на вакви покани освен како организациски гаф, не може да се сведат ни на пи-ар стратегија или било каков маркетиншки настап!, пишува порталот Сведок.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This