„Ова е центарот каде се бpише „Едно евpо за Вицето“, се направи обид да се cokpие Реkет и се туpkаше Катица Јанева да продолжи со бизнисот како главен Републички ОбBинител“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова зад мене е центарот за креирање на лагите со кои Македонија е доведена до амбиc. Ова е центарот од каде се kолнеа во националните интереси, се колнеа во 500 евра, се колнеа во чист воздух. Веројатно се колнеле и за 300 пилоти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е центарот каде се брише „Едно евро за Вицето“, се брише „На Мирчо Бишкарникот“, се направи обид да се сокрие Рекет и се туркаше Катица Јанева да продолжи со бизнисот како главен Републички Обвинител! И ве убедуваа дека тоа не е така! Соочени со избори, соочени со гневот на граѓаните, бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите за да им ја одиграат гнасната политичка манипулација со јавноста. Смислија тело за пласирање на лажни вести и стратегија за бришење на вистината! И сега треба да веруваме дека Катица е самохрана мајка, и дека не е дома по нарачка на Заев кој го отвори судството како пупка!? Почитувани, омаловажувањето на граѓаните со лажните вести не им поминува. Не поминува обидот за дискредитација кон ВМРО-ДПМНЕ. Оттука го повикувам Зоран Заев јасно и недвосмислено да каже дали се согласува со Резолуцијата со која од него се бара откажување од македонскиот јазик, од македонското малцинство и од Гоце Делчев, произлезена како последица на Договорот?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека Македонскиот народ, граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, никогаш, ама никогаш нема да биде прифатливо негирањето на посебноста на македонскиот јазик, како и откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев.

-Сето она кое што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, во никој случај не е прифаќање и одобрување на штетните политики и дипломатија на штета на националните интереси кои што ги води власта во заминување, вели Стоилковски.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This