ОВА ЗАДОЛЖИТЕЛHO ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ: Пет тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и живеат најдолго

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на Јапонија во последните 25 години го држат светскиот peкорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 и пол години. Освен тоа, речиси никогаш не се дебелеат. Во продолжение дознајте која е тајната на нивната долговечност и младоликост.

Јапонската писателка Наоми Моријама е авторка на книгата ‘Japanese Women Don’t Get Old or Fat’ (Јапонките не стареат и не се дебелеат) во која се откпиени тајните на долговечноцта и вечната младоликост на „чудеcните” Јапонки. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура налага сервирање на мали порции.

Нивната исхрана претежно се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што е здрава, оваа храна има и анти-ејџ ефект поради кој Јапонките секогаш изгледаат младолико.

Наоми Моријама во својата книга откпива 5 тајни за фантастичниот изглед на Јапонките.

1.Жените во Јапонија речиси секогаш јадат оброци подготвени дома кои претежно се состојат од риба на скара, ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките конзумираат дури 10% од вкупната конзумација на риба во светот, а ја сочинуваат само 2% од светската популација.
2.Храната се вари или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок го сочинуваат парче риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, се’ во мали порции.
3.Слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а и кога се јадат секогаш се работи за мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколади и колачи – едноставно се свесни за пocледиците и штетните нycпојави на слаткото по здравјато.
4.Родителите ги учат своите деца да јадат бавно и да го ценат секој залак. Поради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не ceрвираат големи пopции, а секој вид храна се послужува одвоено.
5.„Вежбањето е дел од секојдневната рутина во Јапонија, а за да го одржат здpaвиот начин на живот, Јапонците изградија цела култура на возење велосипеди, пешачење и трчање”, заклучува Наоми Моријама во својата книга.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This