Кралицата Елизабета Втора на членовите на кралското семејство кои се близу до преземање на престолот им има забрането три намирници, па секогаш кога тие се надвор од дома, не смеат да ги конзумираат.
Првенствено тоа се однесува на морски плодови, со цел да ја избегнат можноста од труење со храна, а кога се во посета на странски земји, тие не смеат да консумираат ниту слабо печено месо и вода од чешма, исто така од причина да избегнат било каква опасност од нарушување на нивното здравје.
Во согласност со одредбите на кралицата, овие три намирници не смеат да ги јадат и пијат ниту другите членови на нејзиното семејство кои се најблиску до престолот.
И покрај инсистирањето на Елизабета членовите на нејзиното најблиско семејство да се придржуваат кон овие прехрамбени правила, познато е дека принцот Чарлс повеќе пати ги игнорирал овие правила и во неколку наврати е забележан како ужива во консумирање на школки.