Воспалените мускули знаат да бидат многу болни и непријатни, но тие се доказ дека вашиот тренинг влијае врз вашата мускулатура.
Многумина сметаат дека со седењето и лежењето ќе го забрзаат процесот на регенерација на мускулите. Тоа не е добро бидејќи поради воспалението, мускулите стануваат тврди и вкочанети, па затоа и движењето ќе биде отежнато. Затоа постојано треба да бидете во движење, со цел вашите мускули постепено да се опуштат и обноват.
Тренирате друга група на мускули
Доколку по воспалението тренирате друга група на мускули, тогаш ефектот ќе биде ист како да сте одмарале. Иако ќе ви биде полесно бидејќи се движите, потребно е да ги фокусирате и воспалените мускули со цел помалку да ве болат. Сепак, не претерувајте со тренингот, но вежбајте со цел вашите болни мускули да се загреат и опуштат.