ОВОЈ КОШМАР МОРА ДА ПРЕКИНЕ НА 15-ТИ ОКТОМВРИ: Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт, сега може да се потсетат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција истакна дека никого веќе не го чуди вртоглавиот пад не поддршката на СДСМ и големата разочараност.

-Како што дојдоа на власт, така и ја практикуваат. Дојдоа по пат на хаос, нечесно и со тешки манипулации и интриги, и нормално продолжуваат и работат на истиот начин. Ние не очекувавме повеќе и подобро од нив, но сега и тие што очекуваа видоа каков експеримент и се случува на нашата држава. Сега граѓаните ќе можат добро да споредат. Оние кои подзаборавиле како е кога СДС е на власт, може да се потсетат. Токму вака изгледа, а ќе биде и полошо доколку не им застанеме на пат. Овој кошмар може да се прекине на 15ти октомври!, посочи Груевски.

Истакна дека сето ова што и го прават на државата може да биде прекинато на 15ти октомври.

-Убедливото мнозинство не се согласува со ова. Казната ќе стигне многу брзо. Народот гледа и одмерува. И ќе им покаже што мисли. Македонија станува повторно на нозе. Ние ќе сме рамо до рамо со него, со секој еден граѓанин и одиме напред силно. Да го запреме овој хаос што го прават, рече Груевски.

Посочи дека стотици граѓани го прашуваат зошто не го запрат, како што рече, ова цунами, овој хаос, неспособност, неодговорност и негрижа.

-Одговорот е дека со 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нашиот маневарски простор е ограничен. Само со масовно излегување и гласање против СДСМ на 15ти октомври, ќе започне крајот на овој хаос. Само тогаш народот ја има моќта во своите раце. Поразот на СДСМ на локалните избори  не само што ќе биде јасен сигнал од народот за неговото незадоволство од лагите, негрижата и неодговорнсота, туку ќе отвори и можност и потреба за предвремени парламентарни избори во Македонија, потенцира Груевски.

1 коментар

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This