![lek-kaslica](http://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2016/11/lek-kaslica.jpg)
Овој нов сосема природен лек ги содржи некои од најстарите и најмоќните состојки кои ја смируваат иритацијата и болката во грлото и белите дробови.
Благодарение на моќните својства на медот и бананата, можете да го користите овој рецепт и за деца и за возрасни, но и да уживате во неговиот вкус.
![](http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/01-lek-banani-i-med-1234.jpg)
Еве што ви е потребно и како се подготвува лекот:
» 400 милилитри зовриена вода
» 2 средни зрели банани со точки
» 2 супени лажици мед
Излупете ги бананите и од нив направете пире со дрвена лажица или вилушка бидејќи можат да потемнат кога ќе се најдат во контакт со метал. Ставете го пирето од банани во сад и додадете ја зовриената вода. Оставете ја смесата да отстои половина час.
На самиот крај, кога смесата ќе се олади, додадете го медот.
![](http://tocka.com.mk/images/content/sodrzina/02-lek-banani-i-med-1234.jpg)
Секој ден земајте го овој лек четири пати во доза од 100 милилитри.
Количината која сте ја подготвиле е доволна за еден ден и следното утро можете да подготвите нова. Првите резултати ќе бидат видливи после 5 дена