,,ОГPAБEHA СУМ”: Пензионерката тврди дека 720-те илјади евра и биле земени од членови на Сојузот на Боки 13

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Живее во скромен стан, должeeла на соседи по стоденарки, но во име на Сојузот на Боки 13 подигнала 720 илјади евра- Сторија на Телма за пензионерката со идеја, пренесува Телма.


Општествено активна, вклучена во социјални пензионерски дружби, но дома ја немаше. Лилјана Тодоровска потписничката и идејниот автор на социјалниот проект за европски центар за возрасни на крајот на 2017-та на сметка добила и подигнала 720 илјади евра и плус персонален данок.

Живее на мансарда во центарот на Скопје, но ниту вчера ниту денеска ја немаше дома. Соседите се чудеа дека нивната комшика Лиле е бабата со идеја вредна 720 илјади евра затоа што на некои со години им должела по ситни 100 или 500-тини денари.

Но на договорот меѓу Меѓународниот сојуз Скопје и ГП Пелистер, потписот на комшиката Лиле стои на 4-то место, како претставник на невладината, со улога автор и координатор на проект. На договорт се потпишани Боки 13, Агапи Дика, Јованка Кухар и пензионерката Тодоровска. Тие во име на меѓународниот сојуз склучуваат договор со ГП Пелистер во чие име потпишува сопственикот Силјан Мицевски. Договорот е потпишан на 13-ти декември 2017.

Дома не ја најдовме, но успеавме да ја најдеме на телефон. Лилјана Тодоровска вознемиpeна од пишувањата во медиумите кои ја pacпнувааат иако не знаат ништо за неа. За 720-те илјади евра вели дека и се земени уште во банка од претставнциите на меѓународниот сојуз на Боки 13 кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што пpeживеала сообраќајна нecреќа.

-Огpaбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор.

Телма: Кои се тие?

Тодоровска: Од меѓународниот сојуз.

Телма: Пријавивте ли на надлежните? Финансиската полициja не ве испрашуваше за тоа, не им кажавте дека сте измmamени?

Тодоровска. Кога ме прашуваше финансиска полициja се уште не беа исплатени парите.

Телма: Ве контактираа ли потоа од Меѓународен сојуз?

Тодоровска: Неколку месеци не. Но потоа пак ме викнаа и ми се јавија. Да се склучело договор со фирма по мојата идеја. Но јас одбив. Затоа што ми личеше на изmaма како и со претходните фирми Пелистер и Дрим тим.

Според договорот, невладината на Боки 13 треба да обезбеди меморандуми за земјиште со општините каде се планираат европски центри за возрасни лица односно еден вид старечки домови, а Пелистер да ги изгради. Склучуваат договор за стратешко партнерство со што Пелистер после 5 години изградедниот објект може да го продаде.

Силјан Мицевски од ГП Пелистер смета дека не бил изmaмен туку дека верувал во идејата. Првин планирале да градат европски центар за возарсни лица во Охрид, но тамошниот градоначалник Јовановски починaaл ненадејно. Парите ги префрлил на име на Тодоровска затоа што знаел дека е нејзина идеја. Доколку не се реализра проектот ќе бара поврат на парите кои досега ги дал.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This