ОДГОВОРНОСТ ЗА КАТИЦА ЌЕ ИМА: СЈО не смее да отвара нови истраги, тоа е кривично дело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мандатот на Специјалното јавно обвинителство за отворање и спроведување на истраги заврши. Согласно закон на 30-ти јуни истече рокот од 18 месеци кој СЈО го имаше за да ги состави обвиненијата за сите индиции и сите предмети за кои Катица Јанева сметаше дека има основа да се процесуираат понатаму, изјави денес Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-На целата јавност и е јасно дека СЈО функционираше како општински комитет на СДС. Класична партиска експозитура. Мораа да монтираат и да креираат случаи бидејќи политичката насока беше јасна. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде оцрнето и треба граѓаните да стекнат впечаток дека сите се исти како Зоран Заев, кој е два пати аболициран за тежок криминал, а во моментов одговара и за барање на поткуп, вели Ѓорѓиевски.

Според него СЈО добило тешка задача, морајќи да конструира предмети врз основа на изнудени искази и незаконски прибавени монтирани случаи.

-Мораше да нуди пари за лажни сведочења и да им се заканува на поединци како би добиле било што, против било кого од ВМРО. Мораше да реализира политичка хајка и да се обиде истата да ја сокрие во правните лавиринти. Колку и да беше непрофесионално, селективно и необјективно постапувањето на СЈО, нивниот рок за покренување на срамните и неиздржани обвиненија заврши. Секој чекор надвор од овој рок и надвор од законските овластувања е кривично дело, посочува тој.

Ѓорѓиевски вели дека за криминал се одговара, но и дека правната држава ќе се врати и одговорност ќе има во оној момент кога народот ќе го казни Заев за антидржавните политики што ги води.

-Одговорност мора да има и ќе има. Таа е индивидуална. Доколку некој одлучил да работи спротивно на закон само за да му излезе во пресрет на Заев, треба да знае дека таквата одлука има ризик и има цена. Доколку некој реши надвор од закон да конструира случаи само за да му обезбеди на Заев и СДС димна завеса од која не би се виделе нивните политики, треба да знае дека таквата одлука повлекува и санкции.СДС креира хаос и безредие. СДС предлага неуставен закон за двојазичност, потпишува штетен договор со Бугарија и секојдневно ја задолжува државата. Затоа им треба и СЈО и нивното политичко делување. Важно е граѓаните да се занимаваат со нешто друго и да не гледаат што прави Заев, посочува Ѓорѓиевски.

Според него улогата на Катица Јанева е да создаде димна завеса на Заев.

-Медиумите на СДС вчера излегоа со информација дека по налог на СЈО е приведен Љупчо Палевски, кој се сомничи во истражна постапка, за поседување на нелегално стекнати прислушкувани разговори. ВМРО-ДПМНЕ смета дека секој што се огрешил пред законот и работел во спротивност со истиот, треба да одговара за своите дејствија во законска, фер и правична постапка и никако поинаку. Доколку Палевски го прекршил законот, тој за тоа треба да одговара пред ОЈО кое е единствено легитимно и надлежно обвинителство да отвора истраги и покренува обвиненија без било какви пречки, вели Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека СЈО нема легитимитет да отвора нови постапки.

-Секое делување во спротивност со тоа е незаконски и ќе повлече кривична одговорност. Судот не смее да дозволи да биде вовлечен во нелегалните игри и интриги на СЈО, бидејќи и тој судија кој ќе прифати да процесуира предмет надвор од законскиот мандат на СЈО, работи неовластено и го крши законот, а за тоа следува кривична санкција и истиот еден ден ќе треба да одговара за своите нелегални обвиненија, истакна Ѓорѓиевски.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This