Денес ги посетив селата Славеј, Крушеани и Пашино Рувци.
Меѓу овој чесен народ владее огромно незадоволство од сегашната власт во заминување.
Ги разочараа и излажаа, велат, нивната мака никој не ја цени.
Овој крај егзистира од ,,жолтото злато”, тутунот, за кој сведоци бевме како Зоран Заев и неговите поданици ветуваа висока откупна цена и сигурен откуп. Сега тутунот им скапува, а тие се во огромна загуба.
Овој крај ретко во минатото се иселувал, но сега цели фамилии ги напуштаат своите имоти и егзистенција бараат по белиот свет.
Жално е ова што се случува во прилепскиот регион.
Но ние денес сме тука да поразговараме, да им кажеме дека има надеж и дека она што остана од Македонија ќе го обновиме и повторно кренеме на нозе, да се обврземе, силно заложиме и донесеме подобар живот.
Да им кажеме дека Македонија ќе биде повторно силна и економски развиена.
Овие чесни и работливи луѓе не заслужуваат да бидат повторно прелажани.
Доаѓа време и политичари кои ќе ја вратат надежта кај луѓето.
Доаѓа #ОбноваНаМакедонија🇲🇰