Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера 10.40 часот на ул. „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од с.Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село, информираат од МВР.
Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош.
Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.