Од среда за три часа сме во Белград – се отвара автопатот Грделичка клисура кон Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15 мај се пушта во употреба делницата кај Грделичка клисура, Србија преку коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 киометри долг автопат од границата на Македонија до границата со Унгарија.

Возачите на Македонија и Србија преку оваа делница долга 26,3 километри ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста.

Тунелите Предејане и Манајле се со вкупна должина од 2,8 километри, минирани се ридови заради „скротување“ на природата, „исправнено” е коритото на реката Јужна Морава, а 33-те мостови се со вкупна должина од 5,7 километри.

На делницата кај Гредичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а вкупната должина на сите потпорни конструкции е околу 15 километри.

Поради тежината на изградбата, особено на Косината 2, каде што се урна дел од ридот, изведувачите мораа да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградени се 7.000 тони арматура и отстранети се 170.000 кубни метри земја.

На Косината 3, на лизгалиштето кое е едно од најсложените на оваа делница, ископани се над 500.000 кубни метри земјиште.

Мостот Врла кој е долг 645 метри, воедно е и најдолгиот и највисок мост на јужниот крак на Коридорот 10, чиј највисок столб е висок 62 метра.

Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This