Унгарија ќе го искористи референдумот за своите измени на законот за заштита на децата со цел да ја зајакне својата позиција против Брисел, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбанпренесува Танјуг.
Тој во изјава за државното радио рече дека оваа стратегија досега покажала резултати во односите со Брисел, бидејќи, благодарение на референдумот во 2016 година за миграциските прашања, не се воведени задолжителни квоти за прифаќање бегалци, а оттогаш ниту еден мигрант не се населил во Унгарија, јавува унгарската агенција МТИ
„Не ми е грижа што вели Брисел за нашиот закон за заштита на децата и не сакам Венецијанската комисија да се меша во тоа како Унгарците ги воспитуваат своите деца“, рече тој.