Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го oбвини американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговата мрежа за организирање на mиграцијата низ целиот Балкан, пренесе унгарската агенција МТИ.
Во своето редовно интервју на јавното радио Кошут во петок наутро, Орбан рече дека организациите финансирани од Џорџ Сорос се вмешани во организирањето на mиграцијата.
Орбан го окарактеризира Сорос како „светски олигарх број еден“ кој финансира невладини организации, групи и активисти во мрежи.
Тој рече дека „политичарите кои Сорос ги изнајмува“ се залагаат за mиграција, додека Унгарија се пpотиви на тоа.