ОСТАНЕТЕ ДОМА: Температурите во текот на утрешниот ден ќе се спуштат до -15 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре Македонија влегува во жолта алeртна фаза, температурите ќе се спуштат до -15 степени. Под влијание на студена воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Времето во понеделник (06.01.2020) ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 2 степени. Максималната температура ќе биде од -2 до 5 степени.

Вторник (07.01.2020) се очекува да биде сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од – 10 до 0 степени, додека пак максималната температура од 1 до 8 степени.

Во среда (08.01.2020) не очекува постудено време. Минималната температура од -12 до -4 степени. Максималната температура од 2 до 9 степени.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This