Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ во текот на викендот ја пренесе целата работа на новиот аеродром во Истанбул, кој воедно ќе биде и најголем во светот.
Во наредните две години, аердромот ќе има капацитет од 90 милиони патници годишно. Планираното понатамошно зголемување на капацитетот од 200 милиони значително ги надминува другите прометни аеродроми во светот.
Постојниот аеродром Ататурк во Истанбул, кој започна со работа во 1953 година, ќе продолжи да работи нормално до крајот на годината, при што се повеќе и повеќе услуги ќе бидат префрлени во новиот објект.
Засега, нема планови за затворање на другиот, помал аеродром во Истанбул, „Сабиха Гокчен“.